Уапсени две момчиња од Косово за крадење од бутици

20

Две момчиња од Косово на возраст од 19 и 22 години се уапсени и против нив е поднесена кривична пријава за кражба на брендирана роба од бутици во еден трговски центар во Скопје.

„Поднесена е кривична пријава против странските државјани А.Ц.(19) и С.Ш.(22), двајцата од Република Косово, поради постоење основи на сомнение дека сториле две кривични дела „тешка кражба“. На 11.10.2019 година околу 17 часот во трговски центар во Скопје, од два објекти со употреба на сила одзеле брендирани производи, здобивајќи се со противправна имотна корист. Лицата се лишени од слобода, а одземените предмети се вратени на сопствениците“, информираа од МВР.