Убиство во Гостивар: Со нож и секира ја усмртил сопругата и избегал

92

Трагичниот настан, утрово, околу 7 часот, го пријавил син на жртвата, гостиварка на возраст од 60 години
Гостиварец е осомничен дека со нож и секира ја убил својата сопруга, по што избегал од местото на настанот.

Случајот бил пријавен утрово.

Од Основното јавно обвинителство во Гостивар соопштија дека дежурен обвинител, во координација со екипа на крим-техника од МВР, извршил увид на местото каде што е пронајдено мртво тело на жена.

Трагичниот настан, утрово, околу 7 часот, го пријавил син на жртвата, гостиварка на возраст од 60 години. Осомничен за убиството е нејзиниот сопруг, 67-годишен жител на Гостивар, со кого жртвата подолго време имала нарушени односи.

Според првичните сознанија на Обвинителството, осомничениот ја нападнал оштетената, па со секира и нож ѝ нанел повеќе убодни рани по телото.

Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување и прибирање траги од место на настанот, кои ќе бидат предмет на натамошно вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатата.

Осомничениот по извршеното кривично дело се дал во бегство и во моментов е недостапен на органите на прогонот