Уште 13 основни училишта добија согласност за настава со физичко присуство

11

Уште 13 основни училишта добија согласност за настава со физичко присуство.

 

Владата го усвои извештајот на комисијата разгледани биле вкупно 39 барања од основни училишта и даде согласност за започнување на настава со физичко присуство на 13 основни училишта, додека барањата на 25 основни училишта не се прифатени.

Комисијата даде делумна согласност на едно основно училиште за настава со физичко присуство за практичната настава со оглед дека станува збор за музичко училиште.