Уште 22 првачиња од „Гоце Делчев“ во изолација откако наставничка со симптоми на ковид-19 го носела детето во школо

27

Уште 22 првачиња од две паралелки од Основното училиште „Гоце Делчев“ во Општина Центар се во изолација, откако мајка на едно од првачињата, која е и наставничка во училиштето, иако веќе неколку дена имала симптоми на коронавирусот и не одела на работа, сепак детето го носела на настава, соопшти Општината.

„Општина Центар најостро го осудува неодговорното однесување на наставничката и бара од директорката целосно да го испита случајот и соодветно да ја санкционира наставничката“, велат од кабинетот на градоначалникот Саша Богдановиќ.

„Нагласувам дека вакво несовесно и неодговорно однесување на еден просветен работник не смее да биде толерирано. Наставниците треба да бидат пример како се работи посветено за доброто на децата и во никој случај не смеат да дозволат со своето однесување да ја доведат во опасност безбедноста на учениците “, вели Богдановиќ.

Министерката за образование и наука Мила Царовска вчера потврди дека наставничка од истото училиште е позитивна на ковид-19 и дека е во изолација, како и 17 деца на кои им предавала.

Текстот е превземен од Сакамдакажам.мк