Уште 4 починати и 83 нови случаи ковид-19 од 539 тестирања

36

Во последните 24 часа регистрирани се 83 нови случаи на ковид-19 од направени 539 тестирања, информираше министерствотот за здравство.

Во Скопје – 34, Кочани – 9 , Штип – 6, Струмица, Валандово и Тетово – 5, Дечево – 4, Куманово, Струга и Велес 3 и по еден во Охрид, Гевгелија,Крива Паланка,Радовиш Берово и Виница.

Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2626.

Во последното деноноќие починати се 4 лица, три пациенти од Скопје (66г., 88г. И 62г.) и еден од Тетово (73г.).

Со нив, вкупниот број на починати е 760.