УЈП: 245 фирми не ги исплатиле субвеницонираните плати на своите вработени

30

Речиси 800 вработени новогодишните празници ги минаа чекајќи ги платите за ноември кои Владата ги субвенционираше а нивните газди си ги задржале за нив.

Тие имаат рок од уште неколку дена да ги префрлат парите или документацијата ќе оди во обвинителството кое веќе има отворени предистраги за стотина други фирми кои исто така ги злоупотребија средствата од субвенцијата

Според официјалните податоци на УЈП, бројката на газди на фирми кои не ги исплатеиле субвенциите била далеку поголема вкупно 596. Тие добиле 36 милиони денари кои требало да завршат на сметките на 2.400 вработени.

Во вторникот им биле испратени опомени и повеќето од нив ги префрлиле средствата.

Сепак, заклучно со последниот ден од минатата година 245 газди требало а не исплатиле 12,2 милиони денари на 782 работници.

Најголем дел од фирмите кои не ги сплатиле субвенционирале ноемвриски палти се од Скопје – 73, а потоа е Тетово – 21 и Гостивар – 10.

Гледано по дејности најмногу се од секторот трговија на мало, а потоа е подготовка и служење на храна и транспорт.

Казните за несовесните сопственици се движат од 500 до 10 илјади евра во зависност од тоа дали станува збор за микро, мала, средна и голема фирма.

Субвенции за ноемвриска плата добиле 13.178 фирми со вкупно 65.960 на кои им е исплатена една милијарда денари или 17 милиони евра. Субвенциите се движеле од 14.500 до 21.776 денари по вработен

Проблемот со исплаќањето на субвенциите за плати останува и покрај најавите за ригорозни казни. 17 фирми сеуште не ги префрлиле октомвриските субвенции во износ од 640 илјади денари кои им ги должат на 41 вработен и во моментов се врши присилна наплата.

Присилна наплата има и кај фирмите кои ги должат платите за април мај и јуни.

Од УЈП најавуваат дека контролите за неисплатена финансиска поддршка ќе продолжат како и надзори кај компании кои исплатиле пониска од минималната плата а листата на фирмите кои не им ги дале чесно заработените пари на вработените ќе биде објавена во понеделник