Фаучи: Им велиме на луѓето примете две дози, а потоа: Упс, се предомисливме?

16

САД мора да се држат до стратегијата на давање две дози вакцини развиени од „Фајзер/Бионтек“ и „Модерна“.

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи вели дека ризично е да се одлага втората доза за да се вакцинираат што повеќе Американци.

Додаве дека примена на стратегијата на давање една доза може да доведе до тоа луѓето да бидат помалку заштитени, да им се овозможи ширење на соевите и да се зајакне скептицизмот меѓу оние Американци кои се двоумат дали да примат вакцина, пренесе Ројтерс.

„Им велиме на луѓето дека треба да примат две дози… и потоа велиме: „Упс, се предомисливме?“, праушва Фаучи.

Додава дека во понеделникот разговарал со британските колеги кои се определија за тоа да го одложат давањето на втората доза за максимално да го зголемат бројот вакцинирани.

Фаучи рече дека примената на таквата стратегија не би имала смисла во САД:

Според него, науката не го поддршува одлагањето на втората доза за овие вакцини и укажа на истражувањето посветено на тоа дека со давање две дози од вакцините се развива доволна заштита од заразните соеви, додека со примена на една доза може да се ги доведе Американците во ризик од соевите како оној откриен во ЈАР.

„Не знаете колку е трајна таа заштита“, рече Фаучи.

Тој во неделата ги повика Американците да примат која било од трите одобрени вакцини во САД, вклучувајќи ја неодамна одобренаа вакцина на „Џонсон и Џонсон“.