Филипче за „Политико“: Набавката на вакцини не треба да биде политичко прашање

17

Венко Филипче во изјава за „Политико“, потенцираше дека набавката на вакцините не смее да биде политичко прашање, односно приоритетот треба да биде кон зачувување на јавното здравје.

„Во изјава за Политико потенцирав дека набавката на вакцини не смее да биде политичко прашање и нашиот приоритет е зачувување на јавното здравје. Сите земји од ЕУ во моментов се соочуваат со недостиг и предизвик во набавката на вакцини. Механизмот на европската солидарност доцни, но тој ќе се реализира.“, напиша Венко Филипче на „Фејсбук“.

Текстот насловен како „Западен Балкан се врти кон исток за вакцини“, пишува за тоа што земјите од ова подрачје мора да се вртат кон Русија и кон Кина, откако и самата ЕУ има проблем со набавката на вакцини. Механизмот доцни и во далеку поразвиените земји од ЕУ, па така Србија веќе вакцинираше 7% од населението.