Филипче: Посветен сум на проблемот со вирусот, немам партиска агенда за изборите!

14

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска истакна дека сите нови случаи на заразени од корона вирусот се резултат на непочитување на мерките за заштита.

„Во Скопје опаѓа бројот на заразени, но расте во другите градови. Сите случаи се резултат на непочитување на мерките. Слична е и ситуацијата во регионот, така е секаде каде се попуштаат мерките. Интензивно ја следиме ситуацијата во однос на отворање на границите. Вирусот е тука, нема да замине. Засега не можам да кажам кога ќе отворат градинките. Јас сум целосно посветен на решавање на проблемот со корона вирусот и немам партиска агенда за овие избори“, истакна Филипче.