Филипче – Продолжени рестриктивни мерки за велигденските празници

Ако пикот на епидемијата на новиот коронавирус го очекуваме на крајот на месец април, следниот викенд исто така ќе има растриктивна мерка за време на велигденските празници, а потоа ќе биде разговарано дали ќе има промени во мерките за викендите што следуваат, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на информативна видеосесија на тема „Ковид-19“ заедно со епидемиолозите од Институтот за јавно здравје д-р Жарко Караџовски и д-р Владимир Микиќ.

23

За тоа како ќе биде организирана работата во сите институции по завршувањето на кризата, Филипче рече дека, не само во нашата земја, туку никаде во светот повеќе нема да биде исто.

„За таа цел дел од Комисијата за заразни болести ќе работи заедно со Стопанската комора во периодот што следи, за кога ќе се одлучи дека мерките треба да престанат да важат, тоа најверојатно ќе биде некаде на почетокот или на средината на мај, сега е многу тешко да се утврди кога точно ќе се тргнат овие мерки, ќе знаеме и ќе функционираме по еден малку поинаков распоред од оној досега“, рече Филипче.

Тој додаде дека по укинувањето на рестриктивните мерки нема да биде секаде исто онаму каде што се прават „големи гужви или редици“, како во маркетите или рестораните, наведувајќи дека очекува така да биде во сите земји во светот.

„Ние правиме наши автентични модели како ќе се организира работата во сите економски оператори – фирми, ресторани… спред спецификата на дејноста, фреквенцијата и начинот на движење на луѓе и сето тоа ќе биде на сила тогаш кога ќе кажеме дека овие мерки веќе може да престанат да важат или барем постепено укинување, во смисла на ублажување таму каде што мислиме дека треба во одредени дејности, во одредени региони“, рече Филипче.

Нови 68 случаи на коронавирус, вкупно 828
На сесијата се зборуваше за многу прашања поврзани со Ковид-19, а во однос на тоа кога може да се очекува вакцина, Д-р Микиќ изјави дека целиот свет со нетрпение ја очејува вакцината.

„Мораме да напоменеме дека процесот на производство на вакцина е долготраен. За да се забрза максимално, треба најмалку од 12 до 18 месеци. Пред крај на оваа година не би можело објективно да се очекува дека ќе биде произведена вакцината, бидејќи треба да помине низ предклинички испитувања, а потоа има три фази на клинички испитувања, каде што последната фаза е преку голем број на доброволци се тестира безбедноста и ефикаснота. Има нула проценти простор за грешка со вакцина којашто би била масовно аплпицирана на целото население“, вели Д-р Микиќ.

Д-р Караџовски додаде дека мерките кои ги донесе Владата се донесени со консензус врз основа на одлуките на Кризниот штаб и на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Тој вели дека надлежните ја следат состојбата во земјите во регионот и во Европа, а дека мерките на државата се преземени на време и оти даваат резултат.

Коронавирусот ги ограничи велигденските прослави
Денеска нови 68 случаи на Ковид-19 се регистрирани во земјава, со што вкупната бројката на заразени од новиот коронавирус се зголеми на 828 лица, соопшти денеска Министерството за здравство.

Бројката на смртни случаи од Ковид-19 на глобално ниво рано денеска надмина 108.000, додека бројот на инфекции пријавени од владите ширум светот достигна над 1,77 милиони лица, покажува базата на податоци на Унивирзитетот Џонс Хопкинс.