Филмскиот фестивал во Венеција во знакот на жените

10

Филмот во кој глумат Кетрин Денев, Жулиет Бинош и Итан Хок е и во главната натпреварувачка програма на 76-то издание на филмскиот фестивал. Корееда претходно, 1995 година, учествуваше на Филмскиот фестивал во Венеција со „Илузија“, кога ја освои наградата за кинематографија. Јапонскиот режисер е добитник и на наградата „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал со филмот „Џебџии“ (2018).

Благодарение на вакцините, атмосферата оваа година можеби ќе биде поопуштена, дури и покрај тоа што сѐ уште ќе се применуваат строги мерки, како и здравствената пропусница.

Во натпреварувачката програма за наградата „Златен лав“ има вкупно 21 филм. Со нетрпение се очекува суперхеројскиот филм „Џокер 2“ на режисерот Тод Филипс, со Хоакин Феникс повторно во улогата на поранешниот непријател на Бетмен. Други интересни наслови се и „Пералната“ на Стивен Содерберг со Мерил Стрип, Гери Олдман и Антонио Бандерас, „До ѕвздите“ (Ад Астрам), во којшто Бред Пит глуми астронаут, „Приказна за бракот“ на режисерот Ноа Баумбак со Адам Драјвер и Скарлет Јохансон.

Француската кинематографија ќе ја претстави режисерот Оливие Асајас со шпионскиот „Мрежа за оси“ со Пенелопе Круз, и режисерот Роберт Гедигијан со „Глорија Мунди“. Канадскиот режисер Атом Егојан ќе го прикаже својот филм „Почесен гостин“, Швеѓанецот Рој Андерсон – „За бесконечноста“, Чилеанецот Пабло Лараин – „Ема“, Колумбиецот Сиро Гера – „Чекајќи ги варварите“.

Надвор од натпреварувачката програма е премиерата на Шекспировата драма „Кралот“ со Тимоти Шаламе како крал Хенри Петти и Роберт Патинсон во споредна улога, како и ТВ серијата „Новиот папа“ во режија на Паоло Сорентино.

Филмскиот фестивал во Венеција лани предизвика критики за нееднаквата застапеност на жените. Како одговор, Алберто Барбера рече дека „многу филмови за женските прашања од различни земји низ светот“ се вклучени годинава, иако „не сите од нив“ се режирани од жени.

Во главната натпреварувачка програма има само двајца режисерки – Саудијката Хаифа ал -Мансур со „Идеален кандидат“ и Австралијката Шенон Марфи со „Наивност“. Друга режисерка – Лукреција Мартел од Аргентина, е избрана да претседава со жирито.

Филмскиот фестивал во Венеција ќе трае до 7 септември.