Флорентино Перез реизбран за претседател на Реал Мадрид

5

Без противкандидат, првиот човек на шпанскиот гигант и натаму ќе продолжи да ја обавува својата функција во клубот, овој пат до 2025 година, барем според засега предвиденото.

Флорентино Перез и официјално е реизбран за претседател на Реал Мадрид, позиција на која останува до 2025 година, откако не се појави негов противкандидат за таа позиција во шпанскиот гигант.

74 годишниот Перез ја презеде таа функција од Рамон Калдерон во 2009 година, а исто така на таа позиција беше и во периодот 2000-2006, а постои еден доста значаен услов за оваа позиција во клубот кој бара секој кандидат кој посакува да биде дел од изборот, да мора да биде член на самиот клуб најмалку 20 години, но и да поседува банкарска гаранција во вредност од најмалку 15% од буџетот на клубот.

Реал Мадрид под негово водство досега освои пет титули во Лигата на шампионите, а идентичен е бројот на титули освоени во Примера, со тоа што освоени се вкупно 26 трофеи во сите конкуренции.