Фон дер Лајен: Вакцинираните американски туристи ќе може да дојдат во ЕУ

7

Американските туристи кои се вакцинирани против Ковид-19 ќе може да ја посетат Европската Унија во месеците што доаѓаат, рече во неделата во интервју за Њујорк тајмс, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Сигнализирајќи голема промена во политиката на ЕУ, додека вакцинирањето ширум светот се зајакнува, Фон дер Лајен не зборува за датуми, но Тајмс тврди дека новите правила може да стапат на сила на лето.

„Американците, колку што гледам, користат вакцини кои ги одобри Европската медицинска агенција“, додава. „Тоа ќе овозможи слободно движење и патување по Европската Унија.“

„Уште една работа е јасна: Сите 27 членки ќе ги прифатат, безусловно, сите оние кои се вакцинирани со вакцини одобрени од ЕМА“.

ЕМА; регулатор за лекови во ЕУ, одобри три вакцини кои се користат во САД – Модерна, Фајзер и Џонсон и Џонсон.

Ситуацијата во САД се подобрува

Тајмс пишува дека брзата американска програма за вакцинирање, како и напредокот во преговорите за користење сертификат за вакцинирање, се темел на планот за враќањр на патувањата со цел одмор на Американците во ЕУ.

Фон дер Лајен рече дека САД прави голем напредок и спомна дека е на пат да вакцинира 70 отсто од возрасните до сдеината јуни.

Патувањата ќе се овозможат во зависност од епидемиолошката ситуација, но во САД се поправа, како што се надеваме дека се поправа и во ЕУ“, додава таа.

Пандемијата го опустоши туризмот на континентот, додека многу нации ги затворија границите за неесенцијални патувања.

Грција, минатата недела, најави дека патниците од ЕУ и други пет земји кои се вакцинирани или имаат негативен тест на Ковид-19 нема да мора да одат во карантин по доаѓањето.

Земјата сака да се отвори за да го поттикне значително погодениот туристички сектор и да го зајакне вакцинирањето во надеж дека меѓу локалнотонаселение ќе се створи имунитет.

Европската унија дака да воведе пасоши за вакцинираните патници, иако плановите уште не се формализирани.