Фон дер Лајен: За Македонија се предвидени 119 илјади вакцини

6

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен на Твитер соопшти дека од ЕУ за Северна Македонија ќе бидат доставени 119 илјади дози вакцини.

– Ние сме покрај нашите партнери од Западниот Балкан, како што му кажав на Зоран Заев, 119.000 дози вакцини ќе стигнат во Северна Македонија од мај до крајот на август. Во ова сме заедно, наведе Фон дер Лејен во објавата на Твитер.

Овие вакцини се дел од 651-та илјада дози на „Фајзер“ наменети за здравствените работници и ранливите групи од земјите од Западен Балкан, што ќе бидат набавени со финансиски средства на ЕУ и испорачани во државите од регинот од мај до август.