Фотоапарати и ретротрендови коишто се враќаат во мода

2

 

Фармерки со низок струк, телефон на преклоп, дигитален фотоапарат – сите тие трендови беа „кул“ на почетокот на третово илјадалетие… Но, се чини, и тн. „генерација З“ малку по малку им се враќа на тие ретротрендови.

Судејќи според Тик-ток, дигиталните фотоапарати се враќаат на голема врата. И ознаката #дигиталнакамера бележи голем скок, а видеата за култната розова „Никон кулпикс“ добиваат милиони прегледи. Тиктокерката Челси X, на пр., ги повика луѓето што поскоро да си земат една ваква камера од предминатото десетлетие, опишувајќи ги сликите како „многу слатки“…

Ентони Табарез, „инфлуенсер“ од „генерацијата З“, кој се префрли на користење дигитален фотоапарат за „Њујорк тајмс“ изјави:

– Кога имате нешто друго да снимате, тоа е повозбудливо. Многу сме навикнати на нашите телефони.

Со него се согласува и друга „инфлуенсерка“ – Зунија Работсон, која смета дека работите деновиве стануваат „малку премногу технолошки“ и дека „враќањето назад во времето“ е одлична работа.

Инаку, побарувачката за „Никон кулпикс“ апаратите е зголемена за цели 90 отсто за минатата година.