ФОТО | Драма во операциона сала: Oд стомакот на Косовец извадена Нокиа дел по дел, зошто ја голтнал – не кажал

3

Косовските хирурзи од Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија во Приштина се фрапирале кога од стомакот на еден 33-годишен Косовец извадиле цел малечок телефон Нокиа.

Мажот телефонот го голтнал пред неколку дена.

Дигестивните хирурзите предводени од д-р Скендер Телаку успешно ја изведоа операција по што телефончето му е извлечено од абдоменот без резови и поголеми последици:

„33-годишниот маж голтнал мал телефон пред четири дена. Ендоскопски, без да го исечеме стомакот, го извадивме телефонот поделен на три дела. Без компликации, рече д-р Телаку за косовските медиуми, без да зборува за причината поради која Косовецот го направил овој налудничав чин.