Холандија е првата западноевропска земја која повторно ќе воведе делумен карантин, со цел да го спречи ширењето на коронавирусот, објави државниот медиумски сервис НОС, повикувајќи се на владини извори. Привремениот премиер Марк Руте ќе ја донесе конечната одлука денеска и ќе ги објави новите мерки во телевизиско обраќање попладнево.
Според нив, баровите, рестораните и несуштинските продавници ќе работат до 19 часот најмалку три недели, почнувајќи од утре. Луѓето ќе се советуваат да работат од дома што е можно повеќе, а спортските натпревари ќе се играат пред празни трибини. Училиштата, кината и театрите засега остануваат отворени.