Холивудската актерка пуштена од затвор

35

Холивудската актерка Лори Лафлин завчера беше пуштена од затвор, откако ја отслужи казната за учество во незаконското потплатување на Универзитетот на Јужна Калифорнија во врска со школувањето на нејзините ќерки.

– Лори Лафлин е ослободена од Федералните поправни установи во Даблин, Калифорнија, на 28 декември 2020 година. Таа не е повеќе под надлежност на Бирото за затвори – изјави потпаролката на институцијата, Сели Сварт.

По едногодишниот судски процес, Лори Лафлин и нејзиниот сопруг, дизајнерот Мосимо Џанули признаа дека се виновни. Притоа, таа доби само два месеца казна затвор и се пријави за отслужување на казната на 30 октомври. Џанули сѐ уште ја отслужува казната
Дел од обвинението беше насочено и кон актерката од серијата „Очајни домаќинки“ – Фелисити Хофман, но таа своите две недели во затвор ги отслужи лани.