Цените на производителите на индустриски производи на месечно ниво пониски за 0.7, а на годишно ниво повисоки за 13.8 отсто

12

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, на месечно ниво се пониски за 0.7 %, а на годишно ниво се повисоки за 13.8 %.

Во ноември 2022, во споредба со октомври 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3.8 %, a во секторот Преработувачка индустрија за 0.6 %, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 0.7 %.

Продажните цени на производителите на индустриски производи, пак, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1.4 %, додека се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 13.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 31.3 %.