ЦЕНТАРОТ БЛОКИРАН Затворена е улицата пред Собрание поради протестот што ќе почне на пладне

13

Улица 11 Октомври утрово веќе е затворена за сообраќај откако за во 12 часот денеска е најавен протест пред Собранието.

Затворени се улиците од крстосницата кај Црвен крст до деловниот центар „Палома бјанка“. Може да се забележи засилено присуство на полицијата во паркот Жена борец, околу Зелено пазарче, на Кејот и на плоштадот „Македонија“.

Пред Собранието по вчерашниот протест против францускиот предлог се поставени и шатори во кои беше најавено дека ќе преспијат дел од демонстрантите.

Во 13 часот во Собранието треба да се обрати претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, а потоа од 13.30 часот пратениците ќе расправаат за Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од Претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година, по што ќе треба и да бидат усвоени заклучоци, односно насоките што ќе ѝ бидат испорачани на Владата.