Чепреганов: Државата да одговори кој дозволил регистрација на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“

0

Именувањето на бугарскиот културен клуб во Битола со името „Ванчо Михајлов“ покрена лавина реакции во јавноста. Историчарот Тодор Чепреганов за Студио 10 на тв 24 вели дека државата не смее да се однесува како село без кучиња и треба да одговори кој дозволил да се регистрира бугарскиот културен клуб со име на контраверзна личност за македонската историја.