Шефот на грчката дипломатија Дендиас утре во посета на Тирана

2

Министерот за надворешни работи Никос Дендиас, по денешниот престој во Приштина  утре ќе допатува во посета на Тирана.

Предвидено е да допатува во 9 часот кога ќе биде пречекан од неговата колешка Олта Џачка а во 10:15 часот предвидена е заедничка прес-конференција.

„На средбата двајцата министри и делегациите меѓу ќе се разговара за некои прашања кои ги преокупираат билатералните односи, пред се забрзување на решавањето на морската граница, процес кој страните веќе го испратија на решавање до меѓународниот суд во Хаг“, јавија албанските медиуми.

Ќе разменат мислења и за  прашања од  регионот и грчката поддршка за европскиот пат на Албанија.

Албанската министерка за Европа и надворешни работи, Џачка во посета на Атина беше на втори месецов.

Претходно медиумите објавија дека во четврток во Албанија ќе престојува грчкиот премиер Мицотакис, кој ќе ги посети Химара, Финиќ и Делвина, на југот на земјата, населени со припадници на грчкото малцинство.