Шпанија пред можни нови избори?

18

Уште едни избори, четврти во исто токолку години во Шпанија, а со тоа и уште еден неконкретен исход од нив. Врз основа на 99 отсто од преброените гласови, социјалистите на премиерот Педро Санчез освоиле околу 122 места во Долниот дом на Парламентот, додека конзервативната опозициска Народна партија 87 пратенички мандати, пишува „Политико“.

Конзервативната Популарна партија (ПП) ја намали разликата со Социјалистите, освојувајќи 88 места, 22 повеќе од изборите во април, и десничарската, антиимиграциска Вокс го зазеде третото место со освоени 52 места, што е за 23 повеќе отколку на изборите одржани на 28 април. Десничарската Граѓани добија 10 мандати, што е за 47 помалку во споредба со претходните избори, додека партијата на левицата Подемос освои 35 места во Парламентот. На Републиканската левица на Каталонија и припаднаа 13 пратенички мандати.

Со овој резултат, Санчез останува единствениот можен кандидат за премиер, но неговите шанси за формирање на функционална коалиција се помали во споредба со претходните избори. Тој најверојатно ќе мора или да се надева на некој вид на договор со конзервативците или на поддршката од крајната левица Унидас Подемос – која загуби седум пратенички места и сега има 35 – или од партиите за независност на Каталонија. Либералите Циудаданост паднаа на шестото место, губејќи 47 од 57 пратенички места.

Како и да е, според „Политико“ која и да било коалиција на левицата би зависела од каталонските партии за независност многу повеќе во споредба со претходните избори, тоа значи дека таа би била многу нестабилна.

– Победивме на изборите и ќе започнеме да работиме кон прогресивна влада уште од утре – изјави Санчез по објавувањето на резултатите.

Лидерот на Социјалистите не конкретизираше ниту еден потенцијален пат за формирање на владеачка коалиција, исто како во предизборната кампања, а наместо тоа тој ги повикуваше сите политички ривали да се однесуваат „одговорно“ и да го одблокираат политичкиот ќор-сокак во Шпанија.

– Санчез го загуби неговиот референдум, Санчез не успеа – изјави лидерот на ПП Пабло Касадо за репортерите во Мадрид. Но, за разлика од некои негови изјави за време на кампањата, Касадо не ја исклучи можноста за соработка со Социјалистите.

„Да видиме што ќе понуди Санчез..Шпанија не може да продолжи вака“, рече тој.

Со поддршката од конзервативците за да го обноват премиерскиот мандат на Санчез – дури и ако ПП продолжува да се противи на малцински Социјалистички кабинет – изгледа како главен план за Социјалистите.

Доколку не се формира коалиција, земјата повторно ќе мора да оди на избори.