Јанева во подрум имала мини фитнес сала со боксерска вреќа

15

Втор ден во судот се презентираат материјалните докази за случајот „Рекет“. При тоа се покажуваат фотографии од одземете предмети од домовите и од канцелариите на Катица Јанева и Бојан Јовановски.

Додека кај Боки 13 биле пронајдени 4 пиштоли, голем број гардероба, банкноти по 50 евра, српски динари, автомобил марка „ренџ ровер“, од домот на Јанева одземени се нотеси, бели листови со забелешки напишани со пенкало на кои го пишувало името на Јовановски.

Од фотографиите направени при претресот во подрумските простории од домот на поранешната обвинителка се гледа дека таа имала мини фитнес сала опремена со лента за трчање, велосипед и боксерска вреќа.

По презентацијата на материјалните докази од страна на обвинителството, се очекува и одбраната на Боки 13 и на Јанева да ги презентира нивните материјални докази.