Јанковиќ се врати во Косово, соопшти шефица на косовската дипломатија

1

Заменик генералниот директор на косовската полиција Дејан Јанковиќ се врати во Косово, соопшти косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала, јавуваат приштинските медиуми.

Јанковиќ во средата беше уапсен на границата меѓу Косово и Србија, поточно на преминот Јариње, а потоа спроведен до Рашка.

Гервала претходно апсењето на Јанковиќ го нарече „очајнички чин на одмазда од Србија по масовното гласање на Парламентарното собрание на Советот на Европа“ за прием на Косово во таа организација.