Џафери: Вакцинирани се 88 пратеници

19

Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите соопшти дека минатата недела на пунктовите во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ биле вакцинирани 88 пратеници, а меѓу нив и самиот тој ја прими вакцината Спутник V.

Против ковид-19 минатата недела беа вакцинирани 88 пратеници и околу 200 вработени во собраниските служби, соопшти претседателот на законодавниот дом Џафери.

Тој рече дека втората доза од вакцината Спутник V, пратениците треба да ја примат на 14 мај, додека службениците неколку дена претходно.

На прашањето дали некои пратеници не сакаат да се вакцинираат рече дека останатите пратеници и вработени во службите во консултација со лекари дополнително ќе бидат вакцинирани.

Во соодветен термин ќе бидат и ревакцинирани и припадници на внатрешното обезбедување и вработените од Службата за општи и заеднички работи кои се распоредени на работа во зградата на Собранието.