Џонсон: Без ако и ама – Велика Британија ја напушта ЕУ

12

Велика Британија ќе ја напушти Европската унија до 31 јануари, истакна денеска британскиот премиер Борис Џонсон по убедливата победа на изборите.

– Ќе завршиме со Брегзит на време, до 31 јануари, нема ако, нема ана, нема можеби, истакна Џонсон во обраќањето пред приврзаниците во Лондон. Тој дополни дека освоеното најголемо конзервативно мнозинство од 80-те години значи потврда дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ претставува волја на граѓаните.

Според најновите податоци од изборите во Британија, конзервативците на Џонсон освоија најмалку 363 мандати од вкупно 650 пратенички места.