242 граѓани го прекршиле полицискиот час, 95 приведени

47

Во текот на полицискиот час, кој започна вчера во 16 часот, а заврши утрово во 5, полицијата евидентирала дека на ниво на цела држава забраната за движење не ја почитувале 242 лице. Приведени биле 95, 37 биле опоменати, а за останатите се изготвени записници.

Во однос на мерката самоизолација, според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие решенија за ваква мерка им се издадени на 109 лица, а 112 потпишале изјава за самоизолација.

Кога станува збор за прекршувањето на самоизолацијата, регистриран е само еден случај каде што лицето не биле затекнато во својот дом.