4 зимски чаеви за подобро здравје

11

Ладните зимски денови предизвикуваат чувство дека немаме доволно енергија.

Нашиот имунолошки систем во зима е послаб и потребно е да консумираме продукти кои ќе ни помогнат да се заштитиме од грипот и настинката. За да се стоплиме во ладните зимски денови и да го зајакнеме нашиот имунитет треба да пиеме чаеви.

Чајот е природен лек кој е богат со антиоксиданси. Во зима постојат таканаречени „зимски чаеви“ кои се прилагодени за зимскиот период.

Зачините како цимер, ванила, ѓумбир, кардамом и анис го збогатуваат вкусот на зимските чаеви.

1.Црн чај

Според кинеската традиција, треба да пиеме чај кој е прилагоден според годишните времиња. За зимата се препорачува црниот чај. Го зајакнува организмот и ја зголемува циркулацијата.

2.Чај од еукалиптус

Содржи ментол кој е главна состојка во сирупите против кашлање. Помага против настинка, астма и бронхитис. Овој чај помага против инфекција на грлото и е антисептик на усната шуплина.

3.Чили чај

Овој чај е за оние кои сакаат оригинален чили вкус. Идеално е да се консумира со зачинета Индиска храна. Можете сами да си го направите овој чај со комбинација на чај од шипка и свежо исечкано чили.

4.Чај од ѓумбир

Помага за превенција од разни настинки и вируси. Ја смалува главоболката и болките во грлото.