6 мртви во пожар во дом за стари лица во Хрватска(видео)

14

Шестмина загинати е трагичниот биланс од пожарот во дом за стари лица ,,Зелена оаза“ во хрватско Загорје, јавуваат хрватските медиуми.

Како што пишува локалниот портал zagorje.com, покрај домот се наоѓал дрвен објект, во кој, според порталот, најверојатно биле сместени загинатите штитеници на домот.

Кога пристигнале пожарникарите, објектот веќе бил во пламен и ништо не можеле да сторат.