Композиторка од Србија му дала 150.000 евра на Боки13 за лекови и за шопинг во Милано

23

Денеска во Рекет, на предлог на обвинетиот Бојан Јовановски, сведочеше сопругот на познатата српска композиторка, Марина Туцаковиќ. Во судница објаснуваше за нивното долгогодишно пријателство како и за тоа дека на повеќе пати финансиски му помагале, како на професионален така и на приватен план. Боки 13 со нив имал професионална соработка при издавањето на музичко ЦД во 2012 година а професионалната соработка се преточила во пријателство.

Сведокот кажа дека лани на 21 февруари на Боки-13, во нивната семејна куќа во Белград му дал 150.000 евра за да купи лекови од Милано и гардероба за неговата сопруга Марина Туцаковиќ.

Токму овие 150000 евра обвинителството тврдеше дека Боки го потрошил во Италија, а се дел од парите кои Боки-13 ги земал од бизнисменот Камчев.

Инаку, Александар Радуловиќ е последен сведок предложен од Боки-13.