Принцот Чарлс е тестиран на ковид-19 и наодот е позитивен, пренесува Bloomberg.
Како што се вели во текстот, синот на кралицата Елизабета има 71 година има слаби симптоми и се чувствува добро.
Во соопштението што го пренесе Би-Би-Си се дополнува дека тестирана е и војвотката од Корнвал, но нејзините наоди се негативни.
Согласно препораките од владата и лекарите, принцот и војвотката се во самоизолација во Шкотска.