Пепе се обиде физички да се пресметка со соиграч, мораа да ги разделуваат

8

Дефанзивецот на Порто го покажа темпераментот кој беше типичен за него додека играше во Реал Мадрид, но овој пат тој беше насочен кон соиграч.

Порто со 1-0 победи на гостински терен кај Фаренсе во меч од португалското првенство, но она што го привлече вниманието се случи по последниот свиреж на судијата.

Откако мечот заврши Пепе му се пушти на својот соиграч Мамаду Лум и малку фалеше дуелот да прерасне во сериозна тепачка, но соиграчите реагираа и ги разделија двајцата.