Заев: Нема предвремени избори, тоа не ѝ носи добро на државата

14

Вонредни парламентарни избори нема да има, рече денеска во одговор на новинарско прашање премиерот Зоран Заев. Како што кажа тој, земјата поминала неколку циклуси на предвремени избори и оти сега е време за насочување кон економијата. За вчерашниот коментар на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, дека од Месечината се гледале само Кинескиот ѕид и предвремените избори, Заев вели:

„Не знам кои космонаути гледаат од Месечината како тоа ќе се случува, но јас тврдам дека вонредни парламентарни избори нема да има заради тоа што не носат ништо добро на државата. И да има тие нема ништо да променат“, рече Заев.