Пендаровски за Дојче веле: Добро е што се воспостави комуникација со ВМРО-ДПМНЕ

7

Претседателот Стево Пендаровски за Дојче веле денеска кусо изјави дека добро е што опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по девет месеци, воспоставува комуникација со институцијата претседател.

„Добро е што по девет месеци некомуницирање се воспостави комуникација со институцијата претседател, што може да биде во насока на попродуктивен политички дијалог, кој толку многу недостасува во нашата земја“, вели Пендаровски.

Средбата помеѓу претседателот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, треба да се случи утре. Таа ќе следува откако, како што вчера брифираа од партијата, двајцата имале телефонски разговор.

На средбата се очекува да дискутираат за две теми – едната што ја отвори Пендаровски во врска со осудените во случајот „27 април“ и втората за актуелната политичко-економска состојба.