Епидемиологот Предраг Кон тврди: Прашање на време е кога делта сојот ќе го „освои“ светот

37

Епидемиологот и член на кризниот штаб на Србија, Предраг Кон, денес изјави дека нема информации дека во Србија се појавил делта сој на корона, но потенцира дека станува збор време кога тој ќе биде доминантен вирус во целиот свет.

Кон за РТС изјави дека оние кои не биле вакцинирани не треба да одат на големи собири и ги повика сите граѓани, особено младите, да се вакцинираат, нагласувајќи дека постојните вакцини штитат и од нови видови на коронавирус.

– Имаме релативно солидна ситуација, во смисла дека имаме многу вакцинирани лица, но тоа го имаше и во Велика Британија, го имаше и во Израел, но токму таму се зголеми бројот на новоинфицирани лица за десет пати повеќе само во средината на овој месец – предупреди Кон .

Тој потенцираше дека ситуацијата сè уште не е сигурна и дека вирусот е сè уште меѓу нас, особено во Белград, каде има стагнација последните четири дена и бројот на нови инфекции не опаѓа од ден на ден. Кон додаде дека треба да се земат предвид собирите и зачестеноста на контактите.

Кон истакна дека постојните вакцини исто така нè штитат од нови видови и посочи дека вакцинацијата е единствениот излез од оваа состојба.

– Сега сè директно зависи од младите, без разлика дали се вакцинирани или не, затоа што сега се соочуваме со период на разни прослави, разни фестивали, разни настани каде што ќе има собири. Тие собири ќе бидат безбедни само ако се соберат заштитени лица – истакна Кон.

Тој им препорача на сите што не биле вакцинирани да не одат на вакви собири.

Говорејќи за моменталната состојба со епидемија, Кон рече дека нивото на вирусна активност се стабилизира, но исто така и дека не можеме да живееме надвор од светот.

Тој додаде дека не може да се каже дека ситуацијата е извонредна, ниту дека е неповолна, но дека е неизвесна.

– Ако вакцинираме до 70 проценти, ќе можеме да бидеме потполно мирни наесен, без оглед на ситуацијата во светот – посочи Кон.