Д-р Кон со порака до Србите: Сериозно сме непослушни, влошувањето на состојбата е евидентно

44

Членот на Кризниот штаб на владата на Србија Предраг Кон изјави денеска дека влошувањето на епидемиолошката ситуација е „евидентно“, зошто граѓаните на Србија е „сериозно непослушни“.

-Опуштањето зема замав. Некои (противепидемиолошки) мерки се доживуваат како непријатност, како да е срам да се потсетува некој дека треба да носи маска“, рече тој за РТС и додаде дека секогаш треба да се опоменува дека маски мора да се носат.

Според неговите зборови, мерките кои сега важат во Србија се добри, но, како што нагласи, проблем е што тие не се почитуваат.

Кога станува збор за таканаречен „карантин туризам“, Кон рече дека за тоа не станало збор на состанокот на Кризниот штаб и дека би требало да се заострат контролните мерки на аеродромот.

-Го добив протоколот во кој патниците кои доаѓаат од земјите во кои е интензивиран делта сојот од коронавирусот мора да имаат негативен ПЦР тест и да потпишат изјава дека прифаќаат седумдневен каранти, а потоа мора да бидат тестирани и, доколку се позитивни на корона, веднаш да одат во изолација, објасни епидемиологот.

Запрашан дали порастот на бројот на заразени ќе влијае на одржувањето на музичкиот фестивал Егзит, Кон рече дека тој ризик постои.

„Притисокот за отворање на фестивалот беше голем, но дека има ризик има. Невозможно е да нема заразување кога се одржуваат големи фестивали“, напомена тој.