Последниот освојувач на УС Опен нема да ја брани титулата во Њујорк

13

Минатогодишниот освојувач на УС Опен, австрискиот тенисер Доминик Тием нема да ја брани титулата во Њујорк, откако на социјални мрежи објави дека ја завршува сезоната.

Светскиот рекет број шест не може да ја врати својата препознатлива форма по повредата на зглобот на раката на турнирот во Мајорка.

„Заздравувањето одеше навистина добро, но минатата недела при еден удар на тренинг повторно почувствував болка. Веднаш разговарав со докторите и се согласивме дека е потребно време да заздравам“, вели Тием.

Како последица на овие откажувања, Тием ќе испадне од ТОП 10 листата до крајот на 2021 година.