рано утрово регистриран е силен земјотрес од 5,1 степен според Рихтеровата скала во Егејското Море, во близина на Турција, јави турската Управа за катастрофи и вонредни состојби.
Епицентарот бил во провинцијата Измир, на длабочина од 3,97 километри, пренесе Анадолија.
Регистириран е дополнителен земјотрес со јачина од 4,3 степени на длабочина од 7,16 километри.
За сега нема информации за жртви.