И Македонците можат да гласаат за неа: Мила денеска ја претставува Македонија на детската Евровизија
Денеска во 16 часот МРТ1 ќе врши директен пренос од детската Евровизија, која се одржува во Гливице во Полска.
Мила Москов ќе ја претставува Македонија со песната „Fire“, а настапува под реден број 4 и важи за голем фаворит.
За победник на детската Евровизија, може да се гласа онлајн преку линкот https://vote.junioreurovision.tv/, а за разлика од редовната Евровизија, на детската Евровизија секоја држава може да гласа за својот претставник.