НАТО со сојузиците од ЕУ го осудува синоќашниот инцидент на Косово, кога со шок бомба била нападната патрола на Еулекс.
-Ние им се придружуваме на # НАТО сојузниците и на # ЕУ во остро осудување на синоќашниот напад со шок бомби на патролата на @EULEXKosovo . Сите такви напади се неприфатливи и одговорните мора да одговараат, објави на Твитер портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску.