Даниел Кајмакоски победи како Шон Мендес во новата епизода на „Твоето лице звучи познато“

10

Македонската ѕвезда Даниел Кајмакоски е победник во новата епизода од „Твоето лице звучи познато“.

Пејачот, во улога на Шон Мендес, настапуваше заедно со Едита Арадиновиќ, која имавме можност да ја видиме во улога на Камила Кабејо.

Дуото го изведе познатиот хит „Señorita“, а сензуалниот настап беше пресуден за победата.

Даниел изјави дека наградата од 1.000 евра ќе ја донира за Емилија Стаменчиќ, која боледува од церебрална парализа и епилепсија.

Целиот настап можете да го погледнете во продолжение: