Белгија ќе и достави оружје на Украина во висина од 90 милиони евра

2

 

Белгија ќе и достави оружје за противвоздушна одбрана, противтенковски пушки, пушки и муниција на Украина во вредност од 90 милиони евра.

Тоа е најголема белгиска помош за Украина.

Одлуката за испорака на оружје на Украина треба денеска да биде одобрена од белгиската Влада. Оружјето за Украина ќе биде од белгиските резерви, а недостигот на муниција ќе биде надополнет со нарачка за производство на нова муниција од локалните фабрики.

Според белгиските медиуми дека обемот на нарачката може да се спореди со времето на Корејската или Втората светска војна.

Белгија беше меѓу првите земји што обезбеди воена помош за Украина неколку дена по почетокот на руската инвазија на крајот на февруари минатата година. Првичната помош беше проценета на 45 милиони евра. Во септември минатата година, белгиските власти испратија воена помош на Киев за уште 12 милиони евра, што вклучуваше и хаубици.