Таблоидот ја доби битката – Принцот Хари ги измамил луѓето

20

Принцот Хари ја изгуби правната битка која ја водеше против британскиот таблоид Mail on Sunday.

Приказната која е објавена во мај минатата година, тврди дека серијата фотографии која принцот Хари ги објавил на интернет, пред Денот на планетата, ги довела читателите во заблуда, бидејќи не назначил дека животните биле „дрогирани“ и врзани.

Хари се пожалил до Независната организација за стандарди на весниците поради лажно известување, но неговиот случај бил отфрлен, бидејќи агенцијата сметала дека весниците не прекришиле ниту едно правило.

Бакингемската палата одбила да ја коментира одлуката.

Според изјавата на претседателот на организацијата, Хари тврди дека во 2016 година објавил необработени фотографии на веб-страницата на кралското семејство и дека тие биле достапни за сите кои сакале да ги видат. Тој додал и дека ги поставил фотографиите и на Инстаграм за да ја подигне свеста, а не за да ја покаже својата вештина за фотографирање.

Хари во жалбата напишал и дека во насловот на фотографијата стоело дека животните се преместени за да се зачуваат, па затоа немало потреба експлицитно да се напише дека животните се под седативи или дека се врзани, бидејќи тоа се подразбирало.

Приказната која Mail on Sunday ја објавил имала наслов: „Дрогирани и врзани… Што Хари не ви кажал за инспиративните фотографии од диви животни“.

Во четивото стои дека слонот на сликата е врзан и дека следачите на инстаграм тоа не можеле да го видат, бидејќи фотографиите биле исечени. Тие додале и дека агентот на Хари одбил да ја коментира оваа тема, пренесува CNN.

Принцот Хари и Меган имаат лош однос со британскиот печат откако ја објавија својата врска. Тие често јавно зборуваат за немилосрдното и агресивно објавување на приказните, особено оние за Меган, за кои принцот смета дека имаат расистички тон.