Мизрахи: Таблата не е сменета туку наследена, не постои друга табла

11

Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, реагираше по повод обвинувањата од страна на министерот за надворешни работи Никола Димитров кој денеска на прес-конференција рече дека поради менувањето на таблата со Република Македонија, Грција испратила вербална нота.

Мизрахи истакна дека таа табла е наследена, и дека не постои друга табла, туку само една, притоа заблагадорувајќи се на поранешната министерка во ова министерство Мила Царовска за како што рече: „Препознала дека ова е Република Македонија“.

Мизрахи: Таблата не е сменета туку наследена, не постои друга табла

Мизрахи: Таблата не е сменета туку наследена, не постои друга табла

Publiée par TV21 sur Dimanche 9 février 2020

„Демократско право е на секој граѓанин да реагира по неправдата. Таблата е наследена, не постои стара и нова табла. Постои само една табла во министерството за труд и социјална политика. Да и заблагодариме на вицепремиерката за економски прашања и поранешна министерка за труд и социјална политика која не ја сменила таблата, и препознала дека ова е Република Македонија“, рече Мизрахи.