Судијката во „Рекет“ ја спушти завесата за новинарите, снимката од Кичеец и Боки остана во бункер

3

Снимката, како што дознаваме, трае околу два часа, а ја снимил тајно осудениот на три години затвор Зоран Милевски Кичеец.

Судијката во предметот „Рекет“ Васка Николовска Масевска го затвори за јавноста денешното рочиште затоа што ќе биде презентирана снимка во која има приватни разговори помеѓу Зоран Милевски Кичеец и првообвинетиот Бојан Јовановски.

По ова, новинарите ја напуштија судницата.

Снимката, како што дознаваме, трае околу два часа, а ја снимил тајно осудениот на три години затвор Зоран Милевски Кичеец.

Вчера од УСБ – то на Кичеец беа пуштени две снимки, а откако судијката образложи дека нејзината улога во постапката и согласно Законот за кривична постапка е да се грижи за заштита на приватноста, најави дека третата снимка нема да биде презентирана пред јавноста. На ова прво реагираше обвинетата Катица Јанева, а потоа и Бојан Јовановски кој побара да се обелодени, како што рече , неговиот однос со Кичеец и како тој манипулирал со него. Јанева смета дека денешната забранета за јавност снимка е клучот за „Рекет”, а дека јавноста ќе добие поинаква слика за случајот затоа што ќе се дознае кој манипулира, кој нуди поткуп, а кој прави рекет.