Eврејските верници го напуштија Куманово, во моментот се во Скопје

14

Групата странци, припадници на еврејската верска заедница, го напуштиле Куманово и во моментов се во Скопје, соопштија денеска надлежните од МВР. Оттаму повторно потсетуваат дека лицата имааат легален престој и привремено престојуваат во државата.

– Лицата за кои прашувате го напуштија Куманово и во моментов се во Скопје. Потсетуваме дека овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија, се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава. Наведената група не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон истите, соопштија од МВР.

Во групата, како што претходно информираа од кумановската полиција, има американски, канадски, белгиски и граѓани од Јужна Америка, кои како што посочија, имаат легални патни исправи односно документи и имаат одобрен престој во Република Северна Македонија.