Financial Times: Основачите на “BioNTech”, брачниот пар Шахин и Туречи, личности на годината

45

“Financial Times” основачите на фармацевтската компанија “BioNTech”, доктор Угур Шахин и неговата сопруга, доктор Озлем Туречи, ги прогласил за личности на годината, пренесува “Anadolia”.

“Парот постигнал извонреден научен и комерцијален успех со развивањето на вакцината против Ковид-19 за помалку од една година”, наведува “FT”.

Со развојот на првиот кандидат за ефикасна вакцина против коорнавирусот, двајцата турско-германски научници кои го постигнале овој голем успех, го привлекле кон себе вниманието од целиот свет, се наведува во статијата.

“Како творци на првата вакцина која ја одобрија двете регулаторни тела со најголема доверба во светот, наградата на “FT” за личности на годината им пропадна на Шахин и Туречи. Тие се симбол за научна и комерцијална приказна за успех”, пишува “FT”.

Шахин и Туречи се деца имигранти од Турција кои се доселиле во Германија во 60-тите години.

Шахин, кој е роден во Искендерум во Турција во 1965-та година, пристигнал во Германија како четиригодишно дете, каде неговиот татко работел во фабрика за автомобили. Студирал медицина на Универзитетот во Келн и неколку години работел во Медицинскиот центар на Универзитетот Сарланд.

Туречи е ќерка на турски лекар кој емигирал во Германија од Истанбул. Студирала медицина на Медицински факултет при Универзитетот Сарланд и направила пионерски чекори во областа на имунотерапијата.

Парот ја основал компанијата “BioNTech”, за да развие технологија за индивидуализирани имунотерапии за рак.

Кратко по појавата на коронавирусот во Вухан во Кина, Шахин и Туречи одлучиле да го искористат своето знаење од технологијата “mRNA”, за да поттикнат имунитет и да спречат инфекција со Ковид-19 во рамките на проектот кој го нарекле “Project Lightspeed”.

Кон средината на јануари, компанијата направила партнерство со американскиот фармацевтски гигант “Pfizer” за да развијат потенцијална вакцина против Ковид-19.