Oфицијално: Јувентус – Интер без публика!

6

Во Серија А изминатиот викенд беа одложени неколку натпревари поради стравот од ширење на коронавирусот, овој викенд ќе направи и проблеми во наредното коло.

Прво беше најавено дека натпреварите ќе бидат одложени, но потоа раководството на Серија А испрати барање натпреварите да се играат, но пред празни трибини. Тоа барање беше одобрено.

Сите натпревари кои ќе се играат наредниот викенд ќе бидат одиграни пред празни трибини, вклучувајќи го и дербито кое многу може да реши во трката за титулата Јувентус и Интер.

Исто така, УЕФА не сакаше да го одложи натпреварот помеѓу Интер и Лудогорец, па и тој натпревар кој е закажан за во четврток ќе се игра без публика.