“OLIVE JOBS“ ја поддржа Европската Фудбалска недела: Атлетите уште еднаш ги поместија границите на успехот

157

Компанијата „Olive Jobs“ ја поддржа Европската фудбалска недела 2022 во организација на Специјална Олимпијада Македонија, која се одбележува по 22 пат на ниво на Европа.

Настанот кој се оддржа викендов на фудбалскиот терен на Ф.К. Вардар во Скопје беше посетен од повеќе од 70 атлети и 40 тренери, волонтери и членови на семејствата.

Европската фудбалска недела 2022 е иницијатива на Специјална олимпијада, која по две години пауза поради Ковид пандемијата, повторно ги врати атлетите на терен, во својот традиционален термин во мај, со цел да го искусат задоволството на фудбалот и инклузивното спортување.

Благодарни сме што имавме можност да бидеме дел од овој настан, да се дружиме со атлетите на Специјална Олимпијада Македонија кои ни докажаа дека нивната храброст, посветеност и талент ги поместува границите на успехот. Интелектуалната попреченост не ги запира да бидат најдобри во спортот, а нивната радост кога поентираат на терените е непроценлива. Овој тип на пријателста се многу значајни за нас, а и за атлетите на Специјална Олимпијада Македонија. Се надеваме дека и останатите компании ќе го следат нашиот пример, ќе се придужат на оваа иницијатива, бидејќи веруваме дека заедно можеме да постигнеме многу повеќе.“ – вели Ана Величковска, Генерален менаџер на Компанијата „Olive Jobs“.

„Olive Јobs“ е дел од групацијата Catalyst Care Group која се состои од 10 брендови кои нудат приспособени, специјализирани решенија за специјална нега и поддршка за поединци и организации, регрутирање и распоредувања на медицински персонал, до иновации и развој на услуги. Olive Jobs работи на поврзување и градење на таленти кои преку дигитални решенија придонесуваат за раст и развој на целата групација.